Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ оствари уникатен трипл-дабл, домаќините не дозволија ниту еден кикс

Објавено

на

Foto:x.com/nuggets

Денвер ја победи Атланта пред своите навивачи, а Никола Јокиќ доби соодветна поддршка од соиграчите, кои не дозволија драма во последниот период во кој Србинот воопшто не играше.

Првата ѕвезда на Нагетс го заврши натпреварот со 23 поени, 17 скокови и 15 асистенции, постигнувајќи прв трипл-дабл во НБА историјата со најмалку 20 поени, 15 скокови и 15 асистенции остварени без настап во последниот период.

На сите останати натпревари одиграни утринава исто така славеа домашните екипи во ретко видена доминација, а Хјустон славеше во тексашкото дерби против Далас со 110:99.

Торонто успеа да ја прекине серијата од 11 порази по ред, совладувајќи го Бруклин со 130:113, а најефикасни биле Барнс со 33 и Дик со 22 поени.

Вашингтон – Чикаго 125:107
Детроит – Орландо 105:96
Торонто – Бруклин 130:113
Мајами – Њу Орлеанс 119:108
Њујорк – Јута 119:103
Хјустон – Далас 110:99
Денвер – Атланта 139:120
Сакраменто – Филаделфија 113:107

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни