Јокиќ останува во Денвер, новиот договор му носи вртоглава сума

nikola jokic

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ го остварува својот сон во НБА лигата, а новиот договор со екипата на Денвер Нагетс ќе му донесе вистинско богатство.

Јокиќ денеска стави потпис на петгодишен договор, за кој Денвер ќе му исплати фантастични 148 милиони американски долари, сума која и самиот центар не би ја замислил до пред некоја година кога настапуваше во дресот на Мега.

Со ова членот на Денвер стана српски кошаркар со највносен договор во историјата, а Денвер во своите редови го задржа играчот кој последната сезона имаше просек од 18,5 поени, 10,1 скокови и 6,1 асистенција по натпревар.

Facebook Коментари