Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ нема решение за „волците“, Оклахома му зема мерка на шампионот Бостон (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/okcthunder

Оваа година постојат најмалку два тима против кои Денвер не ужива да игра во НБА лигата, а покрај Оклахома, тука дефинитивно мора да се вброи и Минесота.

„Волците“ повторно ја скротија четата предводена од Никола Јокиќ и успеаја да го неутрализираат Србинот на трет натпревар во низа, па третата победа против Нагетси ја остварија со резултат 115:95.

Фактот што триумфот беше остварен на гостински терен само потврдува дека Минесота ужива да игра против Денвер оваа сезона, дури и во ситуација кога Јокиќ има блескави бројки зад своето име.

Српскиот кошаркар повторно беше на највисоко ниво и го заврши мечот со 34 поени, 8 скокови и 4 асистенции, но сепак беше неутрализиран од добрата тимска игра на гостите. Едвардс со 29 беше лидер во победничкиот тим, Рандл уфрли 25 поени, а дцоцифрени беа и МекДаниелс, Гобер и ДиВинченцо.

Од останатите натпревари рано утрово, за издвојување е дербито меѓу Бостон и Оклахома, во кое најдобриот тим на Западот одново му зема мерка на шампионот.

Оклахома вторпат во низа славеше над „келтите“ оваа сезона, овојпат со резултат 112:118 во „Ти-Ди Гарден“. Шеј Гилџес-Александер ја доби револверашката битка со Тејтум на теренот, бидејќи ѕвездата на Оклахома постигна 34, а најдобриот играч на Бостон 33 поени.

НБА резултати:
Атланта – Шарлот 123:110
Бостон – Оклахома 112:118
Торотно – Филаделфија 118:105
Хјустон – Феникс 111:104
Мемфис – Јута 122:115
Мајами – ЛА Клиперс 104:119
Сан Антонио – Далас 126:116
Денвер – Минесота 95:115
Портланд – Њујорк 113:114

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни