Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ: Не знам што ни е, можеби треба…

Објавено

на

Тимот на Денвер Нагетс иако важеше за голем фаворит претрпе пораз од Кливленд Кавалирс од 99-87 во средбата која рано утрово се одигра во Колорадо.

Домашниот тим беше далеку под посакуваното ниво, имаа дури 21 загубена топка и тоа противникот знаеше да го казни и во тие ситуации даде 32 кошеви. Ова за Денвер беше прв сезонски пораз, а по истиот Никола Јокиќ се обиде да објасни што се случуло на теренот и причините за негативниот резултат.

-Момците се обидуваа да ја организираат играта, ама тоа го немаше. Не знам што не е во ред со нас. Можеби ќе ни биде од помош да играме поедноставно, -рече Јокиќ кој замиот имаше шест загубени топки.

-Кливленд постојано беше под нашиот кош, иако не постигна премногу поени. Имавме многу загубени топки, многу промашувања. Го имаме следниот натпревар со Јута во кој треба да се обидеме да бидеме барем малку подобри. Само да одиграме барем малку подобро, -дополни Никола кој на овој дуел беше „прегазен“ од Лаури Марканен.

Забивањето на Марканен преку Јокиќ е потег на денот, Денвер загуби од Кливленд (Видео)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни