Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ: Не знам какво влијание ќе има коронавирусот, јас сакам да играм

Објавено

на

Се поблиску е рестартот на сезоната во НБА лигата, а пред да започнат возбудувањата екипите ќе одиграа неколку контролни, пријателски средби.

Една од првите ќе биде онаа меѓу Денвер Нагетс и Вашингтон Визардс, а пред истата Никола Јоќиќ истакна дека со нетрпение очекува да излезе на теренот.

-Не знам колку минути ќе добијам, ама сакам на терен. Ќе играм колку што ќе биде потребно, -истакна Србинот кој беше еден од асовите кој го прележа КОВИД-19.

-Не знам дали ќе остави последици, не можам да го контролирам, па за тоа и не размислувам. Не знам. Имаме доктори кои вршат одлична работа. Се тестираме секој ден. Имаме сè што ни треба. Не сум загрижен. Се надевам дека нема да има последици, -порача ѕвездата на Денвер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни