Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ не постигна кош 21 минута, па со трипл-дабл му донесе победа на Денвер (ВИДЕО)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/nuggets

Составот на Денвер Нагетс славеше на најинтересниот натпревар кој рано утрово се одигра во НБА лигата и тоа против Пеликанс во Њу Орлеанс.

Потребен беше екстра период, дополнителни пет минути за да се добие победникот откако по четири четвртини резултатот беше 119:119. Сепак фаворитот во продолжението пронајде решение и на крајот дојде до 15. сезонско славје со 132:129.

Јокиќ дојде до деветтиот трипл-дабл во сезоната иако немаше ниту еден даден кош по 21 минута игра. Никола на крајот дојде до 27 поени, 13 скока и 10 асистенции, исто толку поени уфрли и Мари со 8 скока, 4 асистенции, 3 украдени топки и 1 блокада.

Хокинс пак со 25 поени ја предводеше листата на стрелци кај домаќините.

На другите две средби славеа гостите, Индијана против Сакраменто (122:95) и Хјустон во соочувањето со Торонто Репторс (114:110).

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни