Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ најде решение и за Голден Стејт, Кари за малку ќе ги казнеше неговите грешки во финишот (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/nuggets

Никола Јокиќ го одведе Денвер до ефект 8-1 на стартот на новата НБА сезона, а до најновата победа шампионот стигна во дуелот со Голден Стејт предводен од Стеф Кари.

Српскиот центар го заврши натпреварот со 35 поени, 13 скокови и 5 асистенции, а на теренот мораше да помогне и што помалку да се почувствува отсуството на повредениот Џамал Мари.

Денвер успешно се носеше со екс-шампионот, но во финишот Кари доби две шанси за да го одведе дуелот во поинаков правец и тоа токму од Јокиќ. Прво пресече едно негово додавање и постигна тројка, а потоа следуваше напад во кој Јокиќ промаши две слободни фрлања на плус два за Денвер. Домаќините имаа среќа бидејќи во следниот напад Кари не погоди за израмнување и продолжение.

Шарлот – Вашингтон 116:132
Индијана – Јута 134:118
Филаделфија – Бостон 106:103
Бруклин – Л.А Клиперс 100:93
Њујорк – Сан Антонио 126:105
Чикаго – Фeникс 115:116
Хјустон – Л.А Лејкерс 128:94
Мемфис – Мајами 102:108
Милвоки – Детроит 120:118
Минесота – Њу Орлеанс 122.101
Оклахома – Кливленд 128:120
Далас – Торонто 116:127
Денвер – Голден Стејт 108:105
Сакраменто – Портланд 121:118

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни