Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ на иста линија со Адетокумбо: Потешко е да се игра во Европа отколку во НБА лигата

Објавено

на

Ова лето се одигра Европското првенство, а тоа беше можност за многу добри познати НБА имиња да заиграат одново на стариот континент за своите национални тимови.

Еден од нив беше Јанис Адетокумбо кој го носеше дресот на Грција, меѓутоа и тој не успеа да му помогне на соседот да стигне до медал. Меѓутоа Јанис посочи дека ова искуство му било драгоцено, а воедно порача дека  играњето во Европа е многу потешко од тоа во НБА лигата.

Со ова се согласува и Никола Јокиќ кој беше запрашан за коментарот на Јанис, па неговиот одговор беше ваков:

-Различно е. Има нешто во правилата. Исто така до простор, теренот, помалото растојание за три поени. Мислам дека е пократко, нели? (Џамал ​​Мари му потврди дека е така). Теренот е помал, на центрите им е дозволено да бидат во рекетот. Сè е помалку спакувано. Беше интересно ново искуство. Всушност, тоа не е ново искуство, ново-старо искуство, бидејќи одамна не сум играл таму, – рече Јокиќ и заклучи:

-Да, потешко е бидејќи секогаш треба брзо да размислувате. Во НБА ако поминете некој играч, гледате како доаѓа помош. Во Европа ако поминеш играч, помошта е веќе таму. Мора брзо да размислувате и однапред. Интересно е, – подвлече ѕвездата на Денвер Нагетс.

Адетокумбо ги споредил европската и НБА кошарката и открил кој е број еден во светот

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни