Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ ја продолжи извонредната серија, Јута гази се пред себе (ВИДЕО) 

Објавено

на

Само два натпревари беа одиграни во НБА лигата, а на истите победи остварија кошаркарите на Денвер Нагетс и Јута Џез.

Составот од Колорадо предводен од Никола Јокиќ ја доби Оклахома Сити Тандер со 119-101. Јокиќ ја продолжи извонредната серија и на овој меч дојде до дабл-дабл од 27 поени и 12 скокови на кои придодаде 6 асистенции со 1 украдена топка и 1 блокада.

Србинот во досегашниот тек на шампионатот на сите натпревари реализираше дабл-дабл учинок. На спротивната страна се истакна Дорт со 20 кошеви.

Јута Џез кај дојде до шестото славје во низа со тоа што овој пат нивна жртва беше тимот на Њу Орлеанс Пеликанс. „Џезерите“ по првите три четвртини создадоа предност од 22 поени (91-69), па завршните 12 минути беа чиста рутина, поточно во истите гостите се изборија за подостоинствен пораз.

Мичел со 28 беше најефикасен кај домаќинот, кај поразените Вилијамсон беше стрелец на 32 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни