Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ ја наброја најдобрата европска петорка која настапува во НБА лигата (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/nuggets

Никола Јокиќ не беше премногу заинтересиран за докажување на Ол-стар мечот кој се играше рано наутро, но затоа привлече внимание со потезите кои ги имаше на загревањето, но и со дадените изјави за време на викендот.

Непосрредно пред да излезе на теренот, српскиот кошаркарски маестро добил за задача да ја избере најдобрата европска петорка од играчи кои настапуваа во НБА лигата, а во тимот секако се вбројал и самиот.

Прашањето на новинарот било да наброи уште четворица најдобри европски кошаркари покрај себе за да се создаде идеална петорка, по што Јокиќ го одговара следното:

– Лука (Дончиќ), Богдановиќ, Шариќ и Вучевиќ, – гласи одговорот на Јокиќ.

Србинот имаше солидна минутажа на Ол стар мечот и беше дел од поразениот тим на Западот, завршувајќи го дуелот на ѕвездите со 13 поени, 4 скока и 9 асистенции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни