Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ ја издржа „жештината“ во Мајами, трипл-даблот на Дончиќ недоволен за Далас

Објавено

на

Денвер оствари важна победа над сезонава одличниот Мајами на Флорида (111:120), а првата ѕвезда Никола Јокиќ добро се носеше со свирежите и провокациите на домашните фанови кои не му го заборавија инцидентот со Маркиф Морис.

Зад клупата на Денвер биле и браќата и менаџерот на српската ѕвезда, а Јокиќ возврати со 24 поени, 15 скокови и 7 асистенции и го предводеше својот тим до победа. Адебајо со 24 поени бил најефикасен во редовите на Мајами.

Далас загуби на домашен терен од Кливленд (96:114), а на домаќините не им помогна ниту трипл-дабл ефектот на Лука Дончиќ, кој го заврши дуелот со 25 поени, 10 скокови и 10 асистенции.

Ален со 28 и Марканен со 24 поени биле посебно расположени за игра, па Кливленд оствари голема победа на гостувањето во Тексас.

Филаделфија – Орландо 101:96
Мајами – Денвер 111:120
Чикаго – Шарлот 133:119
Хјустон – Оклахома 102:89
Минесота – Индијана 100:98
Далас – Кливленд 96:114
Сан Антонио – Вашингтон 116:99
Јута – Портланд 129:107
Л.А Клиперс – Њу Орлеанс 104:123

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни