Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ ја доби битката со талентираниот Вембањама, „воините“ ставија крај на серијата на Дончиќ и компанија (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: twitter.com/spurs

Никола Јокиќ ја доби битката со талентираниот Виктор Вембањама, а Денвер Нагетс славеше над Сан Антонио Спарс со 110:105 во едно од соочувањата во западната конференција во НБА лигата.

Денвер го имаше статусот на апсолутен фаворит во овој дуел, но за да го оправда тој статус мораше да одигра на највисоко ниво од самиот почеток, па се до крајот. Првата ѕвезда Јокиќ мораше добро да се потроши затоа што немаше соодветна поддршка од соиграчите, па така беше на паркетот 38 минути за кои уфрли 42 поени со 16 скока и 6 асистенции.

На другата страна пак беше Вембањама кој се прикажа во квалитетно издание против еден од најдобритите играчи во лигата и светот, реализираше 23 поени со 15 скока, 8 асистенции, 1 украден топка и дури 9 блокади.

Нагетс сега имаат 53-23 и ја продолжуваат жестоката битка со Оклахома Сити Тандер и Минесота Тимбервулвс за првото место во Западот.

Голден Стејт Вориорс пак стави крај на победничката серија на Далас Маверикс. Гостите од Тексас допатуваа во Сан Франциско со низа од седум триумфи и секако голема самодоверба, ама избраниците на Кер покажаа повеќе и се изборија за значаен триумф од 104:100.

Шестмина играчи кај домаќинот имаат двоцифрен учинок, лидер беше Вигинс со 23 поени.

Дончиќ и Ирвинг искомбинираа 57 поени, 13 скока и 13 асистенции, меѓутоа не се покажа како доволно за поволен резултат.

Резултати:

Торонто – ЛА Лејкерс 111-128
Вашингтон – Милвоки 117-113
Мајами – Њујорк 109-99
Филаделфија – Оклахома 109-105
Минесота – Хјустон 113-106
Денвер – Сан Антонио 110-105
Јута – Кливленд 113-129
Голден стејт – Далас 104-100
Сакраменто – ЛА Клиперс 109-95

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни