Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ изведе неверојатен пас, па го издвои својот најголем квалитет: Тоа не им одговара на НБА ѕвездите! (Видео)

Објавено

на

Денвер ја запиша втората победа во второто коло во новата сезона во НБА лигата, а како по обичај, повторно клучен за Нагетси беше извонредниот српски кошаркар.

Откако воодушеви во воведното коло со Феникс, Јокиќ беше одлучувачки фактор за победата остварена на домашен терен против Сан Антонио, бидејќи беше убедливо најдобар на паркетот со 32 поени, 16 скокови и 7 асистенции.

Новото блескаво издание на Србинот кој минатата сезона заслужено го доби НБА признанието донесе интересни прашања од новинарите, по што Јокиќ ја издвои и својата најголема предност во дуелите со големите и моќни НБА ѕвезди.

– Мислам дека мојата главна предност е во тоа што сум бавен. Навистина, искрено го мислам тоа. Бавниот ритам мене ми одговора, тука сум во комфорна зона и можам да ги контролирам работите во тоа темпо. Во НБА лигата, сите се атлетски градени, скокаат, додаваат, шутираат од секаде, но со мојот бавен ритам, не се чувствуват комотно, едноставно не им одговара моето бавно движење, – изјави Јокиќ.

– Јас никогаш не брзам и не форсирам со потезите, се доаѓа природно. Ова беше нов добар натпревар за мене, но моравме како тим да играме подобро во одбрана. Добро е што на крајот победивме, – додава Србинот кој изведе еден неверојатен пас против Сан Антонио, по кој цела клупа на Нагетси се држеше за глава.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни