Поврзете се со нас

Свет

Јокиќ издвоил 357 илјади евра за да ги почести своите соиграчи од олимпискиот тим (Фото)

Објавено

на

foto: x.com/KSSrbije

Никола Јокиќ несомнено е најдобар светски кошаркар веќе некое време, а тавкиот статус го оправда и на Олимписките игри во Париз каде беше вистински лидер на српската репрезентацијата.

Ѕвездата на Далас беше клучен играч во извонредниот пат кој го имаа „орлите“ на кошаркарскиот турнир во француската престолнина, на кој доста несреќно загубија од американскиот дрим-тим, по што на крајот победија во малото финале и го обезбедија бронзениот медал.

Кошаркарите веќе доживеаја величествен пречек во Белград и тие сцени ќе ги паметат цел живот, но соиграчите на Јокиќ добиле и специјален сувенир кој сигурно ќе го чуваат цел живот.

Како што информира познатиот српски медиум „Блиц“, Јокиќ потрошил вкупно 357,5 илјади евра за да ги почести своите 11 соиграчи од олимпискиот тим, на кои поединечно им подарил по еден „Ролекс“ – Космограф Дајтона.

Никола издвоил по 32,5 илјади евра за секој свој соиграч, па на тој начин го овековечил незаборавното патување кое на крајот заврши и со освоен медал.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни