Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ испорачува, НБА одбележува: Центарот испрати две асистенции од кош на кош за нецела минута (Видео)

Објавено

на

foto:twitter.com/nuggets

Никола Јокиќ повторно доминираше на теренот во дресот на Денвер, а неговиот тим ги израдува домашните фанови со победа над Јута.

Шампионот уфрли дури 142 поени во кошот на „џезерите“ и го подобри скорот во НБА лигата, а Јокиќ постигна 26 поени со кои ја олесни задачата на соиграчите и тимот.

Она со што повторно го привлече вниманието на медиумите се додавањата од кош на кош, кои Србинот ги испорача за краток период.

НБА лигата не пропушти да одбележи дека Јокиќ успеа да испрати луцидни асистенции до Портер и Гордон и тоа го направи во рок од една минута.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни