Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ испиша НБА историја: Српскиот центар испорача уникатен трипл-дабл (Видео)

Објавено

на

Фото: https://x.com/nuggets

Денвер за малку ќе загубеше добиен натпревар против Феникс, а Никола Јокиќ спречи шок за домаќините со ефект со кој влезе во историјата на НБА лигата.

Српскиот центар го заврши натпреварот на кој се играше продолжение со 31 поен, 21 скок и 22 асистенции, со што стана првиот играч во историјата на НБА со трипл-дабл со 30+ 20+ 20+ ефект.

Претходно, само Вилт Чембрлен и Расел Вестбрук имаа трипл-дабл учиноци со 20+ 20+ 20+, но Јокиќ ги помести границите и стигна до она што за многу големи играчи било недостижно во кариерата.

Денвер испушти 21 поен предност на оваа средба, но Феникс не успеа да направи целосен пресврт во дополнителните минути, а Букер го заврши дуелот со 34 поени кај најефикасен играч во гостинскиот тим.

На другите натпревари, Кливленд и Оклахома Сити не дозволија грешки против Шарлот и Портланд, додека Њујорк не можеше да му парира на Л.А Клиперс без повредениот Брансон.

Шарлот-Кливленд 117:118
Далас-Мемфис 111:122
Торонто-Јута 118:109
Мајами-Минесота 104:106
Оклахома Сити-Портланд 107:89
Денвер-Феникс 149:141 (п)
Сакраменто-Сан Антонио 127:109
Л.А Клиперс-Њујорк 105:95

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни