Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ искрен: Не го сакам овој живот, сакам да пијам со другарите, да бидам…

Објавено

на

Foto:twitter.com/nuggets

Никола Јокиќ е еден од најдобрите светски кошаркарки, играч кој направи вистински „бум“ по доаѓањето во Денвер Нагетс, тим со кој минатата сезона испиша историја и беше лидер во освојување на НБА титулата.

Србинот е познат како специфичен лик кој едноставно си го живее животот по свои правила, не следи трендови, нема социјални мрежи што за некого е чудно, ама Јокиќ е Јокиќ е токму тоа го прави да биде посебен.

Центарот имаше отворен разговор со својот соиграч Мајкл Портер Џуниор, поткаст во кој порача дека не го сака овој живот, славата, односно желба му е да води мирен живот откако ќе заврши оваа приказна.

-Не ми се допаѓа овој живот. Ние сме само кошаркари и добри сме само во она што го работиме. Ама медиумите се околу нас и ние сме платени за сето тоа, медиуми и популарност, ама да бидеме славни, на некои им се допаѓа, на некои не. Кога ќе ја завршам кариерата, би сакал никој да не ме познава. Би сакал моите деца да ме паметат како татко, а не како кошаркар. Тоа е мојата цел.

-Немањето телефон е исто така моја цел. Само да бидам нормален и да живеам во моментот. Да бидам нормален човек, да пијам со другари, да си играм со децата, да јавам коњи… Ако сега излезам и фрлам нешто во канта, од ситница ќе направат драма и тажен сум затоа што одам во бар или ресторан или на натпревар, секој ќе го извади телефонот и ќе ме снима. Тоа е грдо. Сакам само да го живеам својот живот, -порача Никола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни