НБА
Јокиќ имаше ново шоу со 48 поени, Денвер ја прекина победничката серија на „јастребите“ (ВИДЕО)
Никола Јокиќ е најдобриот играч на светот во овој момент и потврда за тоа се неверојатните две изданија кои ги имаше два дена во низа во НБА лигата и тоа против Вашингтон Визардс и Атланта Хокс.
Србинот против Визардс испорача 56 поени, 16 скока и 8 асистенции, а рано утрово против „јастребите“ реализираше 48 поени со 14 скока и 8 асистенции со таа разлика што сега Денвер Нагетс славеше во Џорџија (141:111) и со тоа ја прекина серијата од шест победи на некогашниот клуб на Перо Антиќ. Со ова Никола стана трет играч во историјата на НБА по Вилт Чембрлен и Елџин Бејлор со повеќе натпревари во низа со 45+поени, 10+ скока и 5 асистенции.
Three players have ever had 45+ points, 10+ rebounds, and 5+ assists in consecutive games:
Jokić, Wilt and Elgin. https://t.co/6Wzft8qtQP pic.twitter.com/JPkrT0ccJm
— NBA History (@NBAHistory) December 9, 2024
Во ова 12. сезонско славје добра поддршка беше Портер Џуниор со 26 поени и 7 скока. На спротивната страна Хантер ја предводеше листата на стрелци со 20 кошеви.
Лос Анџелес Лејкерс без услугите на најголемата ѕвезда Леброн Џејмс стави крај на низата на лоши резултати и го реши Портланд Трејл Блејзерс со 107:98. Дејвис имаше дабл-дабл од 30 поени и 11 скока, плус 5 блокади, а фантастичен од клупата беше Расел со 14 асистенции и 28 кошеви.
Резултати НБА:
Чикаго – Филаделфија 100:108
Бруклин – Милвоки 113:118
Индијана – Шарлот 109:113
Атланта – Денвер 111:141
Мајами – Kливленд 122:113
Орландо – Финикс 115:110
Вашингтон – Мемфис 112:140
Сан Антонио – Њу Орлеанс 121:116
Голден Стејт – Минесота 114:106
Сакраменто – Јута 141:97
Kлиперс – Хјустон 106:117
Лејкерс – Портланд 107:98
-
Светски првенства15 часа
Лекаи со тешки зборови за македонските фанови: Нашиот голман може да ви каже што му правеа
-
Шпанија16 часа
Анчелоти: Свирежите од „Бернабеу“ значат само едно нешто
-
Италија16 часа
Јувентус ќе дозволи трансфер на Камбијасо во Сити само под еден услов
-
Светски првенства17 часа
Лазаров наброја низа фактори кои очекува да бидат клучни на натпреварот со Холандија
-
Англија14 часа
Халанд стави потпис на „гига-договор“ со Сити, фановите на премиерлигашот воодушевени
-
Евролига13 часа
Хезоња ги шокираше фановите со изјавата на полувремето на дуелот Реал-Олимпијакос (Видео)
-
Свет13 часа
Нејмар откри детали од периодот во ПСЖ: Мбапе се промени по доаѓањето на Меси
-
Репрезентација5 часа
Ристовски и Ангеловски ја бодрат македонската репрезентација во Вараждин