Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ има јасна желба: Сакам да бидам Тим Данкан на Денвер Нагетс

Објавено

на

Никола Јокиќ не успеа со својата Србија да оствари голем резултат на Европското првенство, но таа епизода е веќе зад него и сега фокусот го насочува на клупски план и престојната НБА кампања со Денвер Нагетс.

Човекот кој во минативе две години ја понесе наградата МВП има големи цели, амбиции со составот од Колорадо, поточно сака во иднина да освојува титули и со тоа да биде она што за Сан Антонио Спарс е легендарниот Тим Данкан.

-Убаво е што сум тука. Сакам да бидам Тим Данкан на Денвер Нагетс. Ама треба да освојам неколку титули за да бидам како него. Ми се допаѓа градот, организацијата, луѓето. Навистина уживам овде. Не сакам ништо да сменам, -порача Јокиќ кој во јули ја продолжи соработката со Нагетс.

Сепак пред центарот е многу работа ако сака да биде како Данкан затоа што популарниот Тими-Ди освои дури пет шампионски прстени со Спарс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни