Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ и Вестбрук испишаа НБА историја, Сакраменто ја продолжи серијата и против Бостон

Објавено

на

Фото: https://x.com/nuggets

Никола Јокиќ се врати во редовите на Денвер по кратката пауза поради болест и го предводеше својот тим до победа во дуелот со Бруклин, истовремено испишувајќи историја со соиграчот Расел Вестбрук.

Српскиот центар го заврши натпреварот со 35 поени, 15 асистенции и 12 скокови и беше најдобар поединец на мечот, додека Вестбрук исто така реализираше трипл-дабл и тоа со ефект од 25 поени, 10 асистенции и 11 скокови.

НБА лигата одбележа дека Јокиќ и Вестбрук се првиот тандем соиграчи во историјата кои повеќе од еднаш стигнале до трипл-дабл на ист натпревар.

Сакраменто го изненади шампионот Бостон и оствари убедлива победа на гостувањето, на кое со својот ефект се истакна Домантас Сабонис. Литванскиот кошаркар го заврши натпреварот со 23 поени и рекордни за него 28 скокови, а стигна и до 33-тиот дабл-дабл учинок сезонава, додека Сакраменто веќе има шест победи по ред во лигата.

Индијана – Голден Стејт 108:96
Орландо – Милвоки 106:109
Филаделфија – Њу Орлеанс 115:123
Бостон – Сакраменто 97:114
Њујорк – Оклахома 101:126
Чикаго – Вашингтон 138:105
Денвер – Бруклин 124:105

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни