НБА
Јокиќ и Мари му го расипаа камбекот на Батлер, Оклахома немоќна без првата ѕвезда

Никола Јокиќ и Џамал Мари беа расположени во дуелот меѓу Денвер и Мајами, предводејќи го својот тим до сигурна победа и разочарувајќи го повратникот Џими Батлер во противничкиот тим.
Мари стигна до 30 поени на оваа средба, додека Јокиќ имаше 24 поени, но и нов трипл-дабл учинок, категорија во која е лидер сезонава во НБА лигата.
Батлер се врати по клупската суспензија и конфликтот околу посакуваниот трејд и уфрли 18 поени, а поефикасен од него беше Хиро со 22 поени.
Далас ја прекина победничката серија на Оклахома Сити, во дуел на кој и двата тима не сметаа на својата најголема ѕвезда, а тоа посебно се почувствува кај гостите. Шеј Гилџус-Александер паузираше поради повреда на зглобот, па Оклахома го доживеа седмиот пораз сезонава, додека Далас ја прекина серијата од три порази по ред. Ирвинг со 25 поени бил најефикасен во победничкиот тим.
Никола Вучевиќ испорача 40 поени за Чикаго, но Булс загубија од Шарлот, а токму Црногорецот не погоди за победа во последните секунди од мечот.
Бостон – Орландо 121:94
Њујорк – Минесота 99:116
Чикаго – Шарлот 123:125
Мајами – Денвер 113:133
Милвоки – Торонто 130:112
Њу Орлеанс – Јута 136:123
Далас – Оклахома 106:98
Сан Антонио 112:140
Л.А. Лејкерс – Бруклин 102:101
-
НБА15 часа
Најавите се остварија: Богдановиќ ја замени Атланта со Лос Анџелес
-
Шпанија23 часа
Марсело со емотивно видео објави крај на кариерата: Мадридизмот не се опишува со зборови
-
Свет24 часа
Урнебесен старт на авантурата во Сантош: Нејмар влезе во игра и веднаш доби удар на најболно место (Видео)
-
Евролига23 часа
Обрадовиќ во елемент: Немој да те удрам со таблава по глава….. (Видео)
-
Англија13 часа
Ливерпул го уништи Тотенхем и ќе се бори за трофејот во Лига Купот (ВИДЕО)
-
Франција19 часа
Луис Енрике: Ви реков дека ќе бидеме подобри во одбрана и во напад без Мбапе!
-
Италија13 часа
Шампионот настрада на „Артемио Франки“: Фиорентина го потопи Интер во продолжениот меч во Серија А (ВИДЕО)
-
Англија22 часа
Јоро откри каква Ватсап подготовка добиваат дефанзивците од Аморим пред секој натпревар на Јунајтед