Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ го возврати ударот со брутално издание против Шеј, Денвер режираше слатка одмазда (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/nuggets

Денвер режираше слатка одмазда на второто гостување кај Оклахома во период од само 48 часа, па така откако во неделата загуби со 127:103, рано утрово славеше со 140:127 во спектакуларен меч во кој брилјираа двете ѕвезди на Нагетси.

Никола Јокиќ и Џамал Мареј ги преземаа работите во свои раце и со брутални изданија го возвратија ударот, а тоа посебно важи за Србинот кој води и МВП битка со Шеџ Гилџес-Александер.

Јокиќ беше во демолирачки ритам и го заврши мечот со 35 поени, 18 скокови и 8 асистенции, па беше предводник во победата во која Мареј испорача само еден поен помалку.

На спротивната страна, најефикасен беше Дорт со 26 поени, додека Шеј го заврши мечот со 25 поени зад своето име, што беше за 15 помалку од натпреварот пред два дена.

Клучно за победата беше второто полувреме кое го одиграа избраниците на Мајк Мелоун, период во кој Нагетси славеа со 34:26 во третата и со 39:28 во последната четвртина.

НБА резултати:
Атланта – Филаделфија 132:123
Бостон – Јута 114:108
Бруклин – ЛА Лејкерс 111:108
Мајами – Шарлот 102:105
Торонто – Вашингтон 119:104
Чикаго – Индијана 121:103
Хјустон – Орландо 97:84
Мемфис – Финикс 120:118
Оклахома – Денвер 127:140
Сан Антонио – Далас 129:133
Голден Стејт – Портланд 130:120
Сакраменто – Њујорк 104:133

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни