Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ го предводеше Денвер до нова победа, Клиперс славеше во дербито на Флорида (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/nuggets

Никола Јокиќ го предводеше Денвер Негетс до нова победа во НБА лигата, овојпат во соочувањето со Портланд Треј Блејзерс кои актуелните шампиони го добија со 112:103.

Клубот од Колорадо имаше лош старт на натпреварот и првата четвртина ја заврши со дури примени 37 кошеви и со минус од 12 поени (37:25). Меѓутоа преостанатиот дел од средбата мина во знакот на фаворитот кој заигра пред се подобро во одбраната, а со тоа си го отвори патот до посакуваниот резултат.

Јокиќ беше лидер со 29 поени, 8 скока и 7 асистенции, дабл-дабл имаше Мари од 21 поен и 11 асистенции. На другата страна Ејтон и Симонс уфрлија по 27 и 26 поени.

Лос Анџелес Клиперс пак беше подобар од Мајами Хит на дерби средбата на Флорида со 103:95. Клубот од Калифорнија игра навистина добро и тоа го потврди против „жешките“ каде во прв план беа Ленард со 25 поени Харден со 21 поен, 8 скока и 11 асистенции.

Петмина кај поразените беа двоцифрени на чело со ѕвездата Џими Батлер (21 поен).

НБА, резултати:
Бостон – Мемфис 131:91
Шарлот – Индијана 99:115
Мајами – Лос Анџелес Клиперс 95:103
Минесота – Хјустон 111:90
Оклахома – Торонто 135:127 (прод.)
Јута – Милвоки 123:108
Денвер – Портланд 112:103
Детроит-Орландо 99-111
Вашингтон-Феникс 112-140

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни