Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ го полнеше кошот на Мајами, Џексон на урнебесен начин ја опиша неговата игра (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/ESPNStatsInfo

Денвер Нагетс го возврати ударот и ја доби првата пресметка со Мајми Хит на Флорида и со тоа поведе со 2-1 во финалето во НБА лигата.

Клубот од Колорадо славеше со 109-94, а во прв план беше неверојатното дуо Џамал Мареј-Никола Јокиќ. Плејмејкерот имаше трипл-дабл од 34 поени, 10 скока и 10 асистенции, додека центарот имаше ист таков учинок со 32 поени, 21 скок и 10 асистенции.

Со ова Јокиќ продолжи да држи високо темпо, да им држи лекции на противниците со оглед на тоа што претходно уфрли 41 поен, додека на отварањето на серијата исто имаше трипл-дабл учинок. Ваквите изданија му донесоа голема популарност на популарнито Џокер, а неговите специфични шутеви и погодоци, почнаа да носат и урнебесни коментари и најдобар случај за тоа се зборовите на Марк Џексон.

-Тој е како старец на игралиште кој ги погодува истите шутеви против мене со цигара во уста, -порача Џексон кој скоре две децении играше во НБА, а потоа неколку години го водеше Голден Стејт Вориорс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни