Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ го надмина Џејмс, Бостон ја доби битката на двете најдобри екипи во лигата (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: twitter.com/celtics

Составот на Денвер Нагетс доживеа убедлив пораз во пресметката со Јута Џез која рано утрово се одигра во Солт Лејк Сити.

Домаќините беа мотивирани, одиграа со многу енергија против актуелниот шампион и тоа им донесе резултат, славје од 124:111, славје кое за нив беше број 19 во натпреварувачката 2023/2024. Кларксон со 27 поени беше прв стрелец, одличен беше Марканен со дабл-дабл од 26 поени и 12 скока, додека Секстон реализираше 22 кошеви.

На спротивната страна најсветла точка беше Јокиќ со 27 поени, 11 скокови и 6 асистенции. Србинот со овие бројки испиша историја, стана најмладиот играч во историјата на НБА кој постигнал 13.000+ поени, 6.000+ скокови и повеќе од 4.000 асистенции. Тој го надмина Леброн Џејмс кој до овој резултат стигна со 29 години и 82 дена.

Во битката пак на двете екипи со најдобар учинок во досегашниот тек на оваа сезона, Бостон Селтик во еден драматичен меч славеше над Минесота Тимбервулвс со 127:120.

Немаше победник по четири четвртини (111-111), мораа да се играа дополнителни минути во кои домаќините го скршија отпорот на „волците“ и го задржаа перфектниот учинок во „Ти-Ди Гарден“ каде имаат 18 од 18.

Тејтум уфрли 45 поени, Браун имаше 35 поени со 11 скокови или севкупно гледано ова дуо даде дури 80 од 127 кошеви за „келтите“.

Кај поразените стандардно најефикасен беше Едвардс со 29 поени.

РЕЗУЛТАТИ:

Бостон – Минесота 127:120 (прод.)
Шарлот – Сакраменто 98:123
Детроит – Сан Антонио 108:130
Индијана – Вашингтон 112:104
Атланта – Филаделфија 139:132 (прод.)
Мајами – Оклахома 120:128
Чикаго – Хјустон 124:119 (прод.)
Голден Стејт – Њу Орлеанс 105:141
Јута – Денвер 124:111
ЛА Клиперс – Торонто 126:120

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни