НБА
Јокиќ: Ѓоковиќ не лажеше, навистина ми испрати порака (Видео)

Никола Јокиќ повторно беше фантастичен изминатава вечер на Флорида и заедно со своите соиграчи од Денвер извојуваа голема победа над Мајами, која ги однесе на чекор од големата НБА титула.
Нагетси покажаа завиден тимски дух и ги добија двата натпревари на гостински терен, па сега серијата се враќа во „Бол арената“ каде Денвер ќе има две меч топки за шампионски прстен.
Јокиќ го заврши мечот со 23 поени и 12 асистенции, но на прес-конференцијата актуелна тема беше и успехот кој го остварува неговиот далеку поискусен сонародник, Новак Ѓоковиќ.
Српскиот тенисер пред извесно време на јавноста и најави дека ќе го добие бројот од Јокиќ и дека ќе му испрати порака, а „Џокерот“ сега откри дека навистина се случило тоа.
– Всушност, Ѓоковиќ ми испрати порака. Навистина ми испрати, не лажеше. Тој е неверојатен во својот спорт, еден од најголемите во историјата, ако не и најголем. Има шанса да освои уште еден грен слем, тој е неверојатен спортист и голема е честа да се има како сонародник кој не претставува по светот. Луѓето во Србија треба да бидат среќни што го имам како сонародник, – изјави Јокиќ.
"That he represents us in the world…it's a great honor."
Nikola Jokic on getting a text from Novak Djokovic 🔊#NBAFinals presented by @YouTubeTV pic.twitter.com/VXbiewefMX
— NBA (@NBA) June 10, 2023
-
Светпред 23 часа
Се уште чека на првиот гол: Нејмар повторно не реализираше пенал за Ал Хилал (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 23 часа
Рамос ја матираше Севилја, Барселона продолжува да победува на „Монжуик“ (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 13 часа
Чави со џентлменска изјава откако Рамос си постигна автогол за победа на Барса
-
Англијапред 13 часа
Рашфорд откри дека е посебно возбуден од едно летно засилување во Јунајтед
-
Англијапред 4 часа
Андерсен со мајсторија се погрижи за ужас на „Олд Трафорд“ каков што не се памети повеќе од три децении (Видео)
-
Англијапред 10 часа
Тен Хаг загуби уште еден играч и порача: Фудбалерите не можат да издржат
-
Шпанијапред 12 часа
Анчелоти: Џирона може да се бори за титулата
-
Германијапред 23 часа
Дортмунд со супер гол ја круниса победата против Хофенхајм (ВИДЕО)