НБА
Јокиќ „експлодираше“ со трипл-дабл на кам-бекот на терените, Џејмс донесе драматичен триумф за Лејкерс во Индијанаполис (ВИДЕО)
Никола Јокиќ ја надмина повредата и со моќна партија се вратија на терените во НБА лигата, партија со која му овозможи на неговиот Денвер Нагетс да излезе како победник од пресметката со Милвоки Бакс (127:117).
Србинот беше во аут од 16 март кога му уфрли 40 поени на Вашингтон, а паузата која беше принудна не го наруши неговиот ритам затоа што против Бакс го испорача 30. сезонски трипл-дабл од 39 поени, 10 скока и 10 асистенции.
Ова за Нагетс беше 46 сезонско славје во кое дабл-дабл запиша Портер Џуниор, двоцифрени беа уште Вотсон, Мари и Браун. Кај гостите кои настапија без двете најголеми ѕвезди Адетокумбо и Лилард, 10+ поени постигнаа седум од осумте кошаркари кои добија шанса од тренерот Риверс.
Лос Анџелес Лејкерс пак ја прекина серијата од три порази со драматична победа над Индијата Пејсерс и тоа со звукот на сирената. Дончиќ промаши, но Џејмс се најде на вистинското место и навреме ја допре и смести топката за славје на „езерџиите“ од 120:119.
Дончиќ реализираше 34 кошеви, Ривс додаде 24 поени, Хачимура, Џејмс и Хејс имаа учиноци од 14 и 13 кошеви.Резервистот Матурин ја предводеше листата на стрелци кај Пејсерс со 23 поени.
РЕЗУЛТАТИ:
Филаделфија – Вашингтон 114:119
Бруклин – Торонто 86:116
Индијана – Лејкерси 119:120
Њујорк – Клиперси 113:126
Денвер – Милвоки 127:117
Финикс – Бостон 112:132
-
Шпанија17 часа
Не е се идилично: Еден играч на Барса не сака да го слуша ниту тимскиот говор на Ханси Флик (Видео)
-
НБА13 часа
Јокиќ се кае за одлуката во последниот напад на Денвер (ВИДЕО)
-
НБА16 часа
Моќно издание на Ленард, Клиперс го освои Денвер (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони14 часа
Фиго има фаворит за титулата во ЛШ: Тие имаат…
-
Англија11 часа
Харгривс има трансфер предлог за Арсенал како замена за Парти
-
Италија14 часа
Интер договара офанзивец од Франција (ВИДЕО)
-
Англија12 часа
Баптиста за договореното засилување на Челси: Тој е најдобриот играч…(ВИДЕО)
-
Македонија12 часа
Ќе биде жешко во Битола: Пелистер ги распродаде билетите за дербито со Вардар