Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ е уште една спортска ѕвезда од регионот со коронавирус

Објавено

на

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ е уште една голема спортска ѕвезда од регионот кој има позитивен тест на коронавирусот.

НБА ѕвездата не чувствува никакви симптоми, но се заразил со вирусот за време на својот престој во татковината.

„РТС“ вечерва објави дека Јокиќ е уште еден од спортистите кои се заразиле со ризичниот вирус, а поради позитивниот тест ќе остане во родниот Сомбор.

Јокиќ утре требаше да патува за САД и да им се приклучи на подготовките на Денвер Нагетс за продолжението од НБА сезоната, но сега ќе мора да остане во Србија.

Јокиќ се дружеше и седеше до Новак Ѓоковиќ за време на прошталниот натпревар за тренерот Дејан Милојевиќ кој реши да се раздели со Мега и да работи во САД.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни