Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ доби балканско засилување во Денвер

Објавено

на

foto: x.com/NBATV

Денвер Нагетс го загуби тронот во НБА лигата, а тоа дефинитивно значеше дека ќе има одредени промени во екипата во текот на летово.

Некои играчи си заминаа, некои пристигнаа со тоа што најновото освежување е добро познато име од овие простори-тоа е хрватскиот репрезентативец Дарио Шариќ.

Шариќ договорил двегодишна соработка вредна 10,6 милиони долари што значи дека Никола Јокиќ и Влатко Чанчар добиваат балканско друштво. Хрватот може да ги покрие позициите 4 и 5, веќе има доста искуство во НБА лигата со оглед на тоа што играше за повеќе клубот од 2016 година, па наваму.

Последниот ангажман го имаше во Голден Стејт Вориорс каде имаше просек од 8 поени, 4,4 скока и 2,2 асистенции по натпревар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни