Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ броеше до 40 за пресврт на Денвер, Њујорк убедлив со Индијана

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/nuggets

Никола Јокиќ постигна 40 поени за на најдобар начин да го одбележи официјалното добивање на МВП трофејот, а Денвер стигна до третата победа (112:97) по ред во дуелите со Минесота во НБА плејофот.

Актуелниот шампион направи двоцифрена предност во третиот период и не ја испушти предноста до крајот, со што успеа да ја врати предноста на домашен терен и сега води со 3:2 во пресрет на гостувањето кај Минесота.

Јокиќ имал и 13 асистенции и 7 скокови, а реализаторски зад него бил Гордон со 18 поени. Таунс со 23 поени бил најдобар поединец за гостите, кои сега се поблиску до елиминација во полуфиналето на конференцијата.

Њујорк и возврати на Индијана за убедливиот пораз на претходниот натпревар и на сличен начин славеше пред своите фанови (121:91), со што исто така води со 3:2 во серијата.

Брансон со 44 поени одигра уште еден одличен плејоф натпревар, додека Харт и Буркс стигнаа до 18 поени на оваа средба. Кај Индијана, најефикасен беше Сиакам со 22 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни