Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ: Богдановиќ беше страшен, ваквата партија не е изненадување (ВИДЕО)

Објавено

на

Јута Џез и Денвер Нагетс одиграа уште еден супер квалитетен меч во кој во центарот на вниманието беше хрватскиот репрезентативец Бојан Богдановиќ.

Богдановиќ во одигра најдобриот натпревар во кариерата и со 48 поени им донесе триумф на „џезерите“ од 127-120 со што овој тим останува на првото место на Западот. Хрватот даде осум тројки со што испишна нова страница во клупската историја на составот од Солт Лејк Сити, а по средбата комплименти за настапот доби од центарот Никола Јокиќ.

-Tежок натпревар, постојано беше тесно, ама на крајот направија мала предност. Богдановиќ одигра одлично, немавме решение за него, игра на врвно ниво по повредите на Конли и Мичел. Ова парија не е изненадување затоа што вака игра многу години. Тој даде 48 поени, супер натпревар, но ние покажавме дека можеме, бевме блиску, но кога требаше, не дадовме кош, не се одбрнаивме и тоа е тоа. Бруклин нè чека, нов предизвик за нас, -истакна Јокиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни