Јирген Клоп му се нафрли на преведувачот на прес конференцијата: Преведувај како што треба или јас ќе го правам тоа место тебе… (Видео)

klop-arsenal

Фудбалерите на Ливерпул денес гостуваат во Салцбург каде ги очекува одлучувачки натпревар  на кој доколку загубат ќе се збогуваат од понатамошниот настап во елитниот фудбал.

Пред средбата се одржа вообичаената прес конференција на која говореа Јирген Клоп и Џордан Хендерсон.

Капитенот на Ливерпул одговори на едно новинарско прашање и даде поопширно образложение, а преведувачот кој беше задолжен за германскиот јазик само во кратки црти долови што кажал Хендерсон.

Она што го разлути Клоп е фактот што преведувачот една реченица на Хендерсон ја преведи во друг контекст и таа изгледаше така како играчот да рекол дека ќе им биде лесно против Салцбург.

Стратегот на Ливерпул на германски му одговори на преведувачот и му кажа да преведува како што треба, во спротивно тој ќе продолжи да им преведува што кажал Хендерсон на домашните новинари.

Facebook Коментари