Поврзете се со нас

Франција

Јилмаз со „проектил“ ја потврди победата, Лил останува блиску до титулата (Видео)

Објавено

на

Бурак Јилмаз уште еднаш беше одлучувачки фактор за многу важна победа на Лил, екипата која е многу блиску до шампионската титула во Франција.

Лил славеше на гостувањето кај Ленс со 3:0, со што ќе има најмалку бод предност на две кола до крајот во однос на ПСЖ, кој е единствен ривал за трофејот.

Турскиот фудбалер повторно беше прва ѕвезда на Лил, а покрај голот од пенал, постигна атрактивен погодок со удар од далечина во 40. минута за 0:2.

До крајот на средбата, Лил ги постави конечните 0:3 преку Давид, па ќе се соочи со Ст. Етјен и Анжер во обид да извојува две победи и на тој начин сигурно да ја освои титулата.

ПСЖ во недела му гостува на Рен и ќе мора да победи за да ги задржи шансите да се бори за одбрана на титулата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни