Поврзете се со нас

Италија

Јилдиз ќе добие нов договор и специјална награда од Јувентус

Објавено

на

foto:twitter.com/juventusfcen

Раководството на Јувентус подготвило нов договор за талентираниот Кенан Јилдиз и турскиот фудбалер ќе добие посебни услови со кои ќе му биде потврдена специјалната позиција во тимот и неговата иднина.

Јилдиз сезонава неколку пати блесна во Серија А, искористувајќи ја шансата од тренерот Макс Алегри и веќе се наметна како прв избор во конкуренција на Федерико Киеза, кој пак постојано се мачи со повреди и не е доволно физички подготвен.

„Газета дело Спорт“ тврди дека Јувентус ќе му понуди договор со траење до 2029 година на Јилдиз, за што фудбалерот ќе добие сериозно зголемување на платата и ќе заработува милион евра годишно.

Истовремено, италијанскиот клуб е подготвен да му ја понуди и „десетката“ како посебна награда и потврда дека е во центарот на проектот за наредните години. Овој потег има посебно значење и поради фактот што идол на Јилдиз е Алесандро Дел Пјеро, кој како капитен го носеше престижниот број на дресот.

Останува нејасно дали ваквиот развој на настаните ќе влијае на статусот на Киеза, бидејќи неговиот договор истекува во 2025 година и претстојното лето ќе биде клучно дали ќе ја продолжи соработката со „бјанконерите“ или пак ќе реши да побара предизвик во друга средина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни