Поврзете се со нас

Италија

Јилдиз го собори рекордот на Дел Пјеро, па му се извини на Алекс (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/juventusfc

Јувентус беше подобар од ПСВ со 3-1 во првиот меч од групната фаза во Лигата на шампионите, меч во кој признанието МВП го доби Кенан Јилдиз.

Турчинот го отвори резултатот со мајсторски гол во 21 минута, погодок во стилот на легендарниот Алесандро Дел Пјеро, погодок со кој стана најмладиот стрелец на „старата дама“ во историјата на елитното натпреварување.

Тој го собори рекордот токму на легендарниот Алекс со кого имаше можност да искомуницира по крајот на пресметката во Торино.

-Жал ми е за тоа, Алекс. Сега сум малку нервозен. Синоќа убаво спиев. Имаме одличен настап и јас сум среќен. Уживам да играм во средината и лево. Зависи од тоа што сака тренерот, -истакна Кенан.

Италијанската легенда исто го искоментира погодокот на сегашната десетка на „бјанконерите“.

-Првиот допир беше совршен. Ударот беше силен и прецизен. Тоа беше спектакуларен гол и никој не можеше да стигне до топката. Јилдиз ја презеде одговорноста за дресот со број десет, па затоа мора да се почитува и да му се восхитуваме. Тој има квалитет и ја покажува својата вредност, -порача Дел Пјеро.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни