Шпанија
Јеро го посрамоти Касилјас во живо: Ти си вистинска смешка…… (Видео)

Фернандо Јеро му беше капитен на Икер Касилјас во Реал Мадрид кога тогаш младиот голман се пробиваше на елитната шпанска и европска сцена, а познато е дека после тоа изградија и големо пријателство надвор од теренот.
Истото се негува и ден денеска, а тоа може да се заклучи и од последната објава која ја имаше Икер на социјалните мрежи. Легендарниот голман на Реал Мадрид во последно време е популарен со своите „Тик-Ток“ видеа, од кои сепак не е воопшто импресиониран незаборавниот стопер на „кралевите“.
Во вклучувањето во живо, Икер го прашува Јеро што мисли за неговите видеа на познатата социјална мрежа, по што дефанзивецот го подбра својот помлад пријател со доста „ниски удари“.
Икер: Што мислиш за моите видеа на Тик-Ток
Јеро: Дека се вистинска смешка. Правиш циркус од себе.
Икер: Го имам најголемиот хејтер што може да се има, Фернандо Јеро… Зошто мислиш дека сум смешен?
Јеро: Бидејќи ти си од старата школа, а сакаш да се модернизираш. Не може така, правиш да изгледаш смешно.
Икер: Вистинска ли е оваа критика?
Јеро: Да, врати се во нормала.
Икер: Во ред, ќе станам повторно нормален.
Hoy me he reido infinitamente con la verdad como un templo que le dijo Hierro a la cara a Iker Casillas… y en vivo hahahaha! pic.twitter.com/BHparof6FH
— Gabriel Alejandro (@GalesZOP) November 30, 2022
-
Светпред 19 часа
Фановите на Реал на големо ја прославија победата на Ал Хилал: Причина е Артуро Видал (Видео)
-
Шпанијапред 23 часа
Неверојатни бројки зад името на Столе: Само еден голман во Ла Лига е подобар од Димитриевски (Фото)
-
Шпанијапред 10 часа
Најдобриот играч на Реал од првиот дел од сезоната: Доживеав пад, не сум истиот по мундијалот
-
Италијапред 18 часа
Демирал ќе собира финансиски средства со дрес од Роналдо: Разговарав со Кристијано (Фото)
-
Италијапред 19 часа
Влаховиќ го прекина долгиот пост од месец октомври и донесе победа за Јувентус (Видео)
-
Англијапред 22 часа
Рио тврди: Бруно не можеше да се конектира со Роналдо, сега добро гледаме…
-
НБАпред 10 часа
ЛеБрон го собори рекордот на Абдул-Џабар, Лејкерс загубија во историската ноќ (Видео)
-
Италијапред 9 часа
Демирал ќе искористи дресови на поранешни соиграчи за собирање помош за Турција