Јери Мина објасни на што се должи неговиот чуден ритуал при презентацијата во Барса

mina-bos

Јери Мина во текот на денешниот ден беше и официјално претставен како нов играч на Барселона, но суперталентираниот колумбиски дефанзивец посебно го сврте вниманието на себе со ритуалот кој го изведе при неговото прво стапнување на „Камп Ноу“.

Младиот Мина ја изрежира најчудната презентација на еден фудбалер во последно време бидејќи одучи да стапне бос на тревата на „Камп Ноу“, а бидејќи оваа неговата фотографија стана вирална, шпанските новинари ексрепсно се потрудија да добијат одговор.

Суштината се крие во извадок од Библијата, а со оглед на тоа што Мина е познат како голем верник, одлучи да го следи предлогот од Бога.

– Секое мемсто кое ќе го допре долниот дел од вашето стопло, ќе биде ваше, – гласи извадокот од Библијата кој го исцитрал Мина, а кој запрашан дали овој ритуал ќе го прави на секој стадион кој ќе игра, одговорил.

– Не, ова го правам само во мојот дом, а тоа сега е „Камп Ноу“, – одговорил Мина.

Facebook Коментари