Поврзете се со нас

АТП

Јелена Ѓоковиќ: Ноле е шампион на обичните луѓе, а не на богатите!

Објавено

на

Foto:x.com/rolandgarros

Новак Ѓоковиќ освои се што може да се освои во тенисот и многумина се прашуваат во што пронаоѓа мотивација за да продолжи да игра, но неговата сопруга Јелена во интеврјуто за аргентински „Насион“ се обиде да објасни која е главна движечка сила на нејзиниот сопруг во оваа фаза од кариерата.

Со освоениот златен медал на Олимписките игри во Париз, Ноле ги комплетираше сите големи трофеи и награди во тенисот, па иако многумина му препорачуваат да се повлече во ситуација кога е при самиот врв, Ѓоковиќ засега ги одбива таквите совети и најави дека ќе влезе со уште поголема мотивација во 2025-та година.

Важен дел од секој голем успех на Србинот е и неговата сопруга Јелена, која во последното обраќање се обиде да долови која е главната мотивација на Новак во оваа фаза од животот и кариерата.

– Кога гледаме што се се случува низ светот, тенисот е една навистина само еден мал дел од нашите животи. Но, таа мала работа знае да донесе голема радост и надеж кај луѓето. Јас го гледам Новак како шампион на обичните луѓе, а не на богатите луѓе. Тој е обичен човек кој потекнува од едно многу скромно работно семејство со голем сон. Патувајќи низ светот, можеме да видиме дека им многу луѓе кои се инспирирани од неговата животна приказна.

– Фановите на Новак најчесто се нормални луѓе со обични работни места и не можат секогаш да си дозволат влезница за негов меч. Затоа е посебно чувството кога одите по улица и кога ќе видите градежник од градилиште како довикува: Еј Новаче…….

– Мислам дека тоа му дава сила да продолжи напред и покрај тоа што освои се. Иако постигна се во тенисот, мислам дека негова најголема победа е да биде шампион на народот, – вели Јелена.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни