АТП
Јелена: Ѓоковиќ нè шокираше со одлуката за крај на кариерата, сите плачевме
Новак Ѓоковиќ имаше ужасен старт на 2018-та година и беше во сериозна дилема дали да стави крај на својата тениска кариера, но иако и самиот тој има откриено дека размислувал за тоа, сега неговата сопруга Јелена долови колку Ноле всушност бил блиску до тоа.
Како што вели неговата сопруга, Србинот впрочем бил во пензија вкупно десет дена, но во тој период, успеала да го предомисли и да го врати на патеките кои одново го направија светски рекет број еден.
По тешките моменти со операции и пронаоѓање на најдобрата форма, Новак го започна својот кам-бек со освојувањето на Вимблдон во 2018-та година, по што следеше фасцинантен период во кој одново издоминира во светскиот тенис пред принудната пауза поради коронавирусот.
– По поразите во Индијан Велс и Мајами, не собра сите и ни порача дека става крај на кариерата. Му кажа на својот близок соработник да разговара со спонзорите, сакаше да биде фер кон сите. Сите бевме шокирани и плачевме, му рековме дека не е момент за таква одлука.
– После тоа, отидовме на одмор, а кога тој ќе одлучи дека не игра тенис, тоа всушност треба да значи и дека не сака да гледа. Јас го засакав тенисот, играм и ги водев децата на терен. Третиот или четвртиот ден, Новак ни се приклучи и гледаше како се забавуваме јас и Стефан. Гледаше како уживавме и побара рекет. Не му дозволив, му кажав дека заврши со тенисот. Си поигрував со него, но Стефан го поивика и разменија удари. После тоа доаѓаше секој ден и десеттиот ден одлучи да му се јави на Вајда за повторно да му биде тренер. Можам да кажам дека десет дена беше во пензија, се чувствуваше испразнет. Но, тој е како феникс, мораше комплетно да се урне, за да изгради нова зграда, – порачува Јелена.
-
Балканпред 21 час
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Шахпред 7 часа
Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла
-
Шпанијапред 7 часа
Невидена сцена од топ 5 лигите: Разголена танчарка во ВИП ложата на натпревар на кој играше Барселона (Видео)
-
Шпанијапред 11 часа
Контроверзен момент и многу тензија во Памплона: Осасуна израмни против Атлетико, судијата ги разбесни домаќините (Видео)
-
Македонијапред 6 часа
Вардар обвини за опструкции: Пронајден е инвеститор кој сака да вложи 18 милиони евра, но…..
-
Шпанијапред 12 часа
„Синдромот Гати“ се префрли и во Шпанија: Играч на Алавес си даде автогол од 30 метри, противниците го тешеа (Видео)
-
Италијапред 12 часа
Мурињо по најлошиот старт во неговата тренерска кариера: Ни недостасува играчот кој лани направи многу грешки
-
Англијапред 22 часа
Макелеле се збогуваше со фановите на Челси: Време е за нов предизвик