Јелена Докиќ: Наскоро ќе дознаете како ме малтретираше мојот татко низ целата кариера

Jelena Dokic

Јелена Докиќ, австралиската тенисерска со српско потекло конечно се отвори за медиумите за нејзиниот однос со татко и. Таа за австралиските медиуми изјавила  дека физички ја злоставувал и дополни дека многу скоро јавност ќе ги дознае сите детали околу односот со нејзиниот татко преку објавувањето на автобиографијата. Татко и беше познат во јавноста со што  правеше сериозни проблеми со неговото однесување.

– Замислете ме малтретираше, ме маваше со колан, фрлаше кон мене со се што ќе му дојде до рака, за косата ме кубеше, продолжуваше и психички да ме малтретира. Целото малтретирање зависеше од тоа дали е расположен или не е. Мојот татко, го правеше тоа кога имав само 11 години, – со солзи во очите се отвори Докиќ.

 

Facebook Коментари