Јејтс мина прв на целта во Осимо и ја потврди кандидатурата за највисок пласман на Џиро

jejts-osimo

По вчерашната исрцпувачка и најдолга етапа на годинешното издание на Џиро Д’Италија, велосипедистите денеска имаа далеку полесна задача и порелаксирана етапа, во која својата кандидатура за трофејот на најпрестижната велосипедска трка во Италија уште еднаш ја потврди Симон Јејтс.

Британецот стигна до својата втора победа на актуелното издание на Џиро откако славеше на денешната единаесетта етапа во која учесниците извозеа 156 километри (вчерашната беше 244 километри), а со новото феноменално издание дополнително го зголеми водството во генералниот пласман. Втор на целта во Осими пристигна Том Думуле со задоцнување од две секунди, па на тој начин сега во вкупниот поредок задоцнува 47 секунди. Трет останува Пино кој заостанува 64 секунди, додека нов катастрофаелн ден повторно имаше Кристофер Фрум кој сега заостанува повеќе од три минути во однос на својот сонародник кој е лидер.

Утре на програмата е дванаесеттата етапа од Осимо до Имола, а велосипедистите за задача ќе имаат да извозат делница од 214 километри.

Facebook Коментари