Јејтс ја освои „Вуелта“ за историја на британскиот велосипедизам

yates

Британскиот велосипедист Сајмон Јејтс победи на велосипедската трка околу Шпанија и ја заокружи најуспешната година во британската историја.

Откако Крис Фрум и Герент Томас победија на Џиро Д’Италија и Тур де Франс, Јејтс денеска го потврди триумфот на Вуелта, прославувајќи го големиот триумф во Мадрид и заокружувајќи ја годината во која Британците победија на најважните натпреварувања и продолжувајќи ја серијата од пет британски победи по ред на овие трки.

Елија Вивијани ја освои последната етапа на Вуелта, а зад Јејтс во генералниот пласман останаа Енрик Мас од Шпанија и Михел Анхел Лопез од Колумбија.

Facebook Коментари