Поврзете се со нас

Евролига

Јасикевичиус најде замерка за рекордерот Хејс-Дејвис и ги изнасмеа фановите (Видео)

Објавено

на

foto:twitter.com/FBBasketbol

Шарунас Јасикевичиус имаше можност да ужива во уште едно одлично издание на Фенербахче, кој вчера славеше убедлива и рутинска победа над Алба, стигнувајќи до нов триумф во Евролигата.

Натпреварот ќе биде запаметен и по рекордот на Најџел Хејс-Дејвис, кој го заврши натпреварот со 50 поени, рекорд за индивидуален ефект во Евролигата.

Во вообичаеното интервју по средбата, литванскиот тренер сепак имал забелешка за расположениот Американец, а со својот коментар ги изнасмеа и евролигашките фанови.

– Кога си споменавте асистенциите, Најџел немаше ниту една и треба да позборуваме за тоа, – рекол расположениот Јасикевичиус, пред сепак да испрати комплименти на адреса на Хејс-Дејвис, кој го собори рекордот на Шејн Ларкин.

Кошаркар на Фенербахче постави нов рекорд во Евролигата (Видео)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни