Свет
Јасикевичиус експресно се договори со управата и по трет пат се враќа во Барселона (Фото)

Барселона на драматичен начин го загуби финалето во Шпанија и остана без титула во националното првенство, откако на завршниот меч во Валенсија одлучуваа последните секунди во кои играчите на Басконија имаа повеќе нерви и умешност.
По пауза од цели 10 години, Басконија стигна до титулата во Шпанија и стави крај доминацијата на Реал Мадрид и Барселона, по што беше јасно дека ќе има промена во каталонскиот гигант кој и покрај фаворитската улога, на крајот остана со празни раце.
Клубот брзо го разреши Светислав Пешиќ и стана јасно дека брзо ќе ангажира нов тренер, а ова утро пристигна официјална информација дека шпанскиот вицепрвак го осигура Шарунас Јасикевичиус.
Легендарниот Шарас по трет пат во кариерата се враќа во Барселона, првпат како тренер откако претходно на двапати го носеше дресот на каталонскиот великан во својата играчка кариера.
Литванецот потпиша договор со Барса до 2023-та година, а според најавите на медиумите, неговата годишна плата ќе изнесува еден милион евра.
🏀🔥 Sarunas Jasikevicius will coach @FCBbasket for the next three seasons
✍ The club have reached an agreement with the coach through to 30 June, 2023: https://t.co/ez7KJVjDaC
🔵🔴 #ForçaBarça! pic.twitter.com/Sn4BDj5xVk
— Barça Basket (@FCBbasket) July 2, 2020

- Шпанијапред 17 часа
Фудбалерите на Реал со уште еден потег покажаа колку им значи клубот: Донеле заедничка одлука за…
- Италијапред 19 часа
Пандев веројатно ќе си оди, но друг Македонец ќе го замени и ќе заигра за Џенова од следната година
- АТПпред 16 часа
Ѓоковиќ откри кој е неговиот најголем сон: Не сакам да бидам неблагодарен…
- Англијапред 18 часа
Тухел презадоволен по победата над Сити испофали еден фудбалер: Го победивме најдобриот тим во Европа
- Англијапред 20 часа
Солскјер не се откажува и верува во чуда: Многу почудни работи се случиле досега
- Германијапред 21 час
Легендата на Баерн која го најави заминувањето на Флик: Стојам зад својот збор, знам кој ќе биде нов тренер
- Шпанијапред 16 часа
Нов проблем за Реал: Зидан нема да може да смета на уште еден важен играч за пресметката со Хетафе
- Англијапред 17 часа
Реал Мадрид го обновил интересот за фудбалер на Манчестер Сити