Поврзете се со нас

Свет

„Јашин“ трофејот повторно замина во рацете на Мартинез

Објавено

на

Foto:twitter.com/AVFCOfficial

Емилијано Мартинез втора година по ред ја доби најпрестижната голманска награда, односно беше избран за најдобар светски голман од Франс Фудбал и УЕФА.

Аргентинскиот чувар на мрежата минатата година за првпат го доби ова признание поради освоеното Светско првенство, но овојпат повторно се најде на врвот втора година по ред.

Лаутаро Мартинез беше повикан на бината да го прогласи победникот на „Јашин“ трофејот, па капитенот на Интер со огромно задоволство ја предаде наградата на својот соиграч од репрезентацијата.

Двајцата по вторпат во кариерите го освоија трофејот на Копа Америка, а извонредните изданија за репрезентацијата и Астон Вила направија Еми повторно да биде најдобар светски голман.

За време на говорот, чуварот на мрежата посочи дека не се смета себеси за најдобар голман во светот, но е благодарен што поради добрите резултати на Аргентина ја одбрани наградата која ја освои пред една година.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни