Билијард и Снукер
Јашари ја започна сезоната со победа во најизедначениот снукер турнир досега

Берат Јашари доминира на македонската снукер сцена последниве две години, кога ги освои титулите во „Алфа Плам Националното првенство“, но стартот на сезоната од 2023 година донесе исклучително изедначен турнир, кој е одлична најава за натамошните натпревари.
Ова може да се елаборира низ неколку примери, почнувајќи од тоа дека поранешниот шампион Павле Данилов имаше водство од 2:0 над Јашари во финалето и беше на чекор од сензација, но му даде шанса на противникот да се врати во мечот и да победи со 3:2, по што тој на крилјата од тој успех со самоуверен настап стигна до победа над Петар Панов од 3:1.
Неколку слични примери имаше и во разигрувањето, па така Ѓурчиновски иако имаше високи „брејкови“ од 43 поени против Ставриќ и 32 поени против Панов, ги загуби двата меча во група и не успеа да влезе во четвртфиналето.
Меѓу најдобрите осум се вборија Јашари и Јанев (група А), Ставриќ и Панов (група Б), Лукревски и Матоски (група Ц) и Данилов и Сипковски (група Д). Најтрнливиот пат го мина токму Јашари, кој се сретна со се уште актуелниот шампион од билијард, Сипковски, а потоа и со поранешниот снукер првак Данилов каде имаше брејк од 45 поени, додека Панов најпрви го доби „кавадаречкото дерби“ со Лукревски (потигнувајќи брејк од 38 поени), а во полуфиналето започна несигурно со Матоски, но сепак го заврши со ефикасна победа од 3:1
Финалниот меч донесе неколку високи брејкови на Јашари, еден по друг, што резултираа со брзо водство од 2:0. Промената на приодот кај Панов, од дефанзивна во офанзивна му донесе победа во третиот фрејм, но сепак во четвртиот Јашари покажа дека е расположен за надигрување, и со брејк од 61 поен го трасираше патот кон победата.
Ова е прв од петте турнири кои ќе се бодуваат и ќе го дадат конечниот освојувач на титулата во „Алфа Плам националното првенство“ во снукер.
Сепак, снукер сезоната годинава навестува многу интересни настани, при што Јашари, Панов, Јанев и Данилов годинава ќе играат и на балканската снукер лига (БЛС) која викендов започнува во Белград.
Најавено е ново гостување на снукер легендата, Најџел Бонд, кој доаѓа во Македонија од 1 до 6 март и ќе им биде на располагање на репрезентативците за време на подготвителниот камп пред настапите на Европското првенство во Малта (11-16 март). Оваа година Македонија ќе има пет претставници на ЕП во снукер, плус Сипковски ќе настапи и во конкуренција на ветерани.
-
Балканпред 15 часа
Ковачиќ го расплака Адеми со емотивната порака (Видео)
-
Шпанијапред 11 часа
Реал Мадрид планира да ги доведе Мбапе и Халанд во ист преоден рок
-
Францијапред 14 часа
Жиру го искоментирал повлекувањето на Бензема од националниот тим
-
Англијапред 13 часа
Главните кандидати за купување на Манчестер Јунајтед не испратиле втори понуди
-
Балканпред 22 часа
Адеми: Ќе се вратам во Динамо, сакам европски трофеј како тренер (ВИДЕО)
-
Светпред 14 часа
Кристијано: Лигата во Саудиска Арабија не е како Премиер лигата, но за пет години ќе стане……
-
НБАпред 13 часа
Невидена сцена во Далас: Домаќините најавија жалба, Дончиќ ризикува казна (Видео)
-
Светпред 12 часа
Судија суспендиран откако поништил гол по прегледување на снимка на телефон