Јасен знак за раздор: Ѕвезда на Челси го „прецрта“ Конте од шампионското славје во ФА купот (Фото)

cels-fa

Челси со минимална победа од 1:0 успеа да ја спаси лошата сезона и го освои трофејот во ФА купот, а колку победата над Манчестер Јунајтед им значеше на играчите на тимот од Лондон можеше да се заклучи од еуфоричната прослава која ја имаа на „Вембли“.

Еден Азар беше човекот кој го реши натпреварот со начинот на кој изнуди пенал и реализираше истиот, но сега од прославата на Челси ни пристигнува и еден специфичен момент, откако Бразилецот Вилијан објави една спорна фотографија на социјалните мрежи.

Вилијан во неодамнешно интервју за „ЕСПН“ одби да го коментира неговиот однос со Конте со оглед на тоа што добива прескромна минутажа, а сега одлучи јавно да го искаже незадоволството со тоа што го „прецрта“ Италијанецот од шампионската фотографија на Челси со три трофеи како емотикони.

wilijan-trofei

Facebook Коментари