Поврзете се со нас

Шпанија

Јасен заклучок: Анчелоти со кратка порака ја одбележа победата на Реал

Објавено

на

foto:twitter.com/MrAncelotti

Реал Мадрид со доста мака дојде до посакуваната победа во пресметката со фенерџијата во елитниот шпански фудбал, составот на Алмерија.

Домаќините имаа негатива од 2-0 по првото полувреме на дуелот на „Сантијаго Бернабеу“ за да во вториот дел се случат многу работи, ситуации за дискусии, одлуки кои со помош на ВАР завршија во полза на „кралевите“ кои на крајот ја заокружија приказната со победнички гол на Дани Карвахал во 99 минута.

Гостите беа бесни, разочарани, сметаа и дека се ограбени, но веднаш по натпреварот како Карвахал така и Карло Анчелоти порачаа дека сите судиски одлуки биле правилно донесени.

Дефанзивецот на Алмерија: Некој реши дека не смееме да победиме на „Бернабеу“ (ВИДЕО)

Анчелоти и Карвахал едногласни: Ги разбираме реакциите на Алмерија…

Денеска пак стратегот на „кралевите“ се огласи на социјалните мрежи со една кратка порака, заклучок за неговата екипа.

-Оваа екипа не се предава. Хала Мадрид, -порача Италијанецот.

Шпанската Федерација ги објави аудио снимките од главниот судија и ВАР при трите одлуки во корист на Реал (Видео)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни