Поврзете се со нас

Европски првенства

Јармоленко со мајсторија ги врати Украинците во игра, но Думфрис го имаше последниот збор во Амстердам (Видео)

Објавено

на

Вториот натпревар од нашата група на Европското првенство беше највозбудлив и најинтересен во досегашниот тек на турнирот, а воедно ни го донесе и најубавиот погодок по три комплетирани дена на континенталниот собир.

Холандија успеа да ја оправда фаворитската улога и се избори за навистина тешка победа против Украинците, кои докажаа дека се цврст орев и незгоден противник дури и во ситуација кога губат со 2:0. Со оглед на тоа што Украина е наш следен противник, Игор Ангеловски и неговите помошници сигурно ќе ги анализираат противниците од прикажаното на вечерашниот натпревар, на кој успеаја да се вратат во четири минути, а потоа повторно да примат гол.

Домашната селекција славеше на „Јохан Кројф арена“ со 3:2, а како клучен се покажа погодокот на Думфрис во 85-та минута со кој беа поставени конечните 3:2.

Претходно, Вајналдум и Вегхорст стрелаа за 2:0, Јармоленко и Јеремчук израмнина на 2:2 во период од само четири минути, но херојското враќање на избраниците на Шевченко не се покажа како доволно за прв бод на Европското првенство.

Думфрис имаше одговор за двата гола на Украинците, од кои оној на Јармоленко беше вистинско ремек-дело и досега најубав погодок на шампионатот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни