Јармоленко предизвика коментатор на „двобој“

yarmolenko1

Украинскиот репрезентативец Андриј Јармоленко заработи критики од јавноста откако реши на прес-конференција да повика новинар на физичка пресметка за решавање на нивните недоразбирања.

Членот на Вест Хем не игра во посакуваната форма и поради тоа бил критикуван и од украинскиот коментатор Владимир Кобелков, нешто што воопшто не му се допаднало на Јармоленко кој сега бара физичко соочување со новинарот.

– Во младинските години се тепав многу, некогаш минував добро, некогаш лошо, но тоа е нормално за маж. Сакам да ја објавам следната пресметка, не сакам да го слушам веќе тој Кобелков, сакам да го предизвикам на „двобој“ и да си наплатам за сето тоа што го кажувал на телевизија, – изјавил Јармоленко.

Facebook Коментари